Водостопанство „Тиквеш“ ќе ги чисти системите за наводнување

52

Заради редовно сезонско чистење на системите за наводнување на ХМС „Тиквеш“ од присуство на алги, треви и друга вегетација, АД „Водостопанство“, подружница „Тиквеш“ Кавадарци ги информираше тиквешани, дека привремено ќе прекине со испораката на вода за наводнување и други потреби. Прекинот на вода за наводнување ќе трае во наредните два дена.

Истовремено, јавното претпријатие „Комуналец“ од Неготино соопшти дека од истите причини, во прекин ќе биде и технолошката вода, што ја користат неготинци.

– Молиме за порационално трошење на водата за пиење, во отсуство на технолошка вода, апелираа од комуналното претпријатие.

Снабдувањето и испораката на вода за водокорисниците ќе продолжи од среда.