Водителката Сања се прости од починатата мајка: За неа немаше лек, верувавме дека ќе се случат чуда

36

Тажно, најтажно.

По кратко, но тешко боледување, почина мајка на познатата ТВ-водителка Сања Маринковиќ.

Водителката ја добила оваа шокантна вест во текот на снимањето на ТВ-емисијата „Магазин ин“, која се прикажува на малите екрани повеќе од 10 години, а е една од гледаните и на македонските простори.

Сања, додека зборуваше, не можеше да се воздржи од плачење, што е разбирливо:

– Им благодарам на моите пријатели, колеги од работа, на роднините и на сите што беа со мене во изминатите недели и ги разбраа емоционално тешките моменти низ кои уште поминувам. Се трудев мајка ми да живее што подолго и борбата за нејзиното здравје беше исклучително тешка. Знаевме сите во семејството дека нема лек за неа. Веруваме само дека ќе се случат чуда – раскажа тажната Сања.

Сања, исто така, истакна дека и по смртта на нејзиниот татко, од пред некоја година, само братот бил тој што најмногу ја разбирал. Единствено тој бил најискрен и најтрпелив кон неа.

– Тој е само една година помлад од мене и морам да кажам дека е емоционално многу посилен. Брат ми е одличен пример за тоа како да се прифатат случувањата. Двајцата останавме без родители, а јас уште не можам да се помирам со тоа. Разбирам дека и нему му е тешко, но мислам дека поинаку ја прифаќа оваа ситуација. Сите, всушност, одиме по тој пат кон домот, станот, куќата, креветот, што било, од каде што нема да се разбудиме.                                                                                                                    Зборувам така и пак многу се расплакувам. Како секој ден да живеам во некој многу грд сон – вели Сања, ставајќи ги рацете на очите полни со солзи.