Внимавајте при прошетките со милениците: Есенски плодови кои можат да биде животозагрозувачки за кучињата

57

Иако есента можеби е омиленото годишно време на многу луѓе, таа со себе носи и одредени опасности – особено за кучињата.

Експертите ги повикуваат сопствениците на кучиња да бидат внимателни при движењето бидејќи плодовите на дивиот костен, кои паѓаат наесен, може да бидат смртоносни за домашните миленици. Според експертите за кучиња, семето од див костен содржат опасен отров.

Ако кучињата ги јадат, може да предизвикаат непријатни симптоми како што се повраќање крв, болки во стомакот, дијареа и тремор. А во екстремни случаи, може да доведат дури и до респираторна парализа и смрт, пишува Mirror.

Нивните плодови лесно се забележуваат – или изгледаат како сјајни, тркалезни, црвено-кафени топчиња или имаат зелена „обвивка“ со боцки.

Експертите ги предупредија луѓето да ги држат кучињата подалеку од нив додека шетаат.