Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ ќе поднесе предлог за распуштање на Собранието на 12-ти Февруари и тогаш ќе се види кое е “за” а кој “против” одржувањето предвремени избори, изјави денеска Претседателот на оваа партија, Христијан Мицкоски.
Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, претходниот премиер Зоран Заев се обидува по секоја цена да ги идложи изборите.
Мицкоски најави и дека оваа партија има предлог експертите да бидат вклучени во донесувањето на законот за Јавното обвинителство, како решение за актуелната криза.