ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи одземање на мандатот на Груевски

120
По затворениот состанок на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, синоќа од партијата го соопштија ставот за утрешното гласање за мандатот и имунитетот на пратеникот Никола Груевски и ги повикаа пратениците да гласаат според законите и Уставот.
-Околку се исполнети условите согласно закон и Устав за престанок на мандатот на г-динот Никола Груевски тогаш апелираме и ги охрабруваме пратениците во Собранието на РМ да постапат согласно законите и Уставот на Република Македонија, се вели во соопштението од опозицијата.