ВМРО-ДПМНЕ: Хаосот во врска со вакцинирањето на децата настана токму поради кампањата на Филипче и Заев

69

Хаосот во врска со вакцинирањето на децата настана токму поради кампањата на Филипче и Заев дека ако граѓаните ја поддржат промената на името и со влезот во Европската унија ќе има квалитетни вакцини.

Од опозиција во 2011 година СДСМ водеше кампања против вакцинирањето во ек на епидемија.

Сега според СДСМ од власт вакцинирањето е задолжително и e обврска за родителите.

На кое СДСМ треба граѓаните да му веруваат? На она кое свесно креираше паника против вакцинирањето и придонесе за антивакциналното расположение или на ова сега што ја предводи Владата?

Јасно е дека децата треба да се вакцинираат, а Филипче и Заев да престанат да манипулираат со јавноста. Тие ги лажат родителите на децата. Филипче по ова треба веднаш да поднесе оставка.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ