ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да го копира начинот на избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, но безуспешно

54

Единствен критериум им е послушноста кон Зоран Заев и поддршката на криминалните и антидржавни политики.

Затоа толкав гнев, лаги и страв од кандидатот кој ќе го избере ВМРО-ДПМНЕ.

Знаат дека народот им го врти грбот и дека поддршката ќе ја даде на ВМРО-ДПМНЕ.

Народот не ги поддржува криминогените политики на Зоран Заев, кој нема демократски капацитет и спротивно на волјата на граѓаните донесе голем број на антиуставни и штетни договори и закони.

Граѓаните ја гледаат разликата. Граѓаните знаат кој има демократски капацитет, а кој се води по криминогените наредби на лидерот. СДСМ ќе го дознае одговорот на избори, кога ќе бидат поразени деструктивните политики и деструктивниот начин на водење на државата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ