ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е очајна и затоа избега од предвремени парламентарни избори

53

СДСМ е очајна и знае дека не ја ужива довербата кај народот, затоа избега и од предвремени парламентарни избори.

Граѓаните не ја подржуваат антидржавната политика на СДСМ. Република Македонија само тоне со СДСМ, како економски, така и општествено на секое поле.

СДСМ и Зоран Заев цели две години ја влечат државата само надоле. Криминал, непотизам и деструкција се секојдневие со СДСМ.

Зоран Заев, кој државата ја гледа само како парче колач за подмирување на апетитите на своите сопартијци е најголемото зло што и се случило на државата од независноста до денес.

СДСМ и Зоран Заев ги очекува пораз и затоа се панични. СДСМ ќе стане минато. Република Македонија ќе тргне напред.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ