Владата на СДС го осиромаши народот, две минимални плати не ја покриваат потрошувачката кошничка, основните продукти се поскапи и за 50 отсто.
Потрошувачката кошничка е 47 илјади денари, а минималната плата е 18 илјади денари. Две минимални плати не се доволни за да се преживее месецот.
Имено, цената на маслото е зголемена за 46,7 отсто, на лебот за 44,1, на млекото за 26,9, на јајцата за 26,9, на сирењето и на месото за 26,9 отсто и 22,3 отсто.
Ниту една просечна и ниту една минимална плата не може да ја покријат потрошувачката кошничка. Сето тоа е поради инфлацијата, која Владата не ја превенира со ништо. Поради тоа, 500 илјади наши сограѓани живеат со по 150 денари на ден. Сите тие се на работ на сиромаштијата.
Ситуацијата за поголемиот дел од народот дополнително ќе се влоши од есен, со почетокот на грејната сезона и со високите сметки за струја и за парно, кои се високи затоа што власта не произведува доволно струја, плаќа скап увоз и затоа што не набави гас навреме.