ВМРО-ДПМНЕ: За граѓаните поважно е што 60.000 лица останаа без работа, отколку дека наводно гласале за Ким Ил Заев

91

Од опозициската партија преку соопштенија испратено вечерва реагираа на изборниот резултат и одржаните внатрепартиски избори во СДСМ.

„Морбидно е во ден со 20 жртви од корона СДСМ да се фали со организирани внатрепартиски избори. За граѓаните поважно е што 60 илјади граѓани останаа без работа за една година, од тоа што толку наводно гласале за Ким Ил Заев кој во стилот на Севернокорејанскиот владетел беше единствениот кандидат на владеачката партија. Граѓаните дневно губат по дваесетина животи, а илјадници се заболуваат и бизарната и морбидна лакрдија на Заев, е само сол на рана“, се вели во испратеното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека изборот на Заев е срам и за СДСМ и за Македонија затоа што како што велат од ВМРО-ДПМНЕ тој е главниот виновник зошто државата е на 111 место по борба со корупцијата во светот.