Вистината за скандалот за третирање на медицински отпад излезе на виделина.
Фирмата која СДСМ се обидуваше да ја поврзува со ВМРО-ДПМНЕ, добивала огромни тендери токму од власта на Зоран Заев и СДСМ.
По којзнае кој пат се докажа дека на Заев и СДСМ им е побитен бизнисот отколку здравјето на граѓаните.
Функционерите на СДСМ треба да сносат морална и кривична одговорност за загрозеното здравје на граѓаните и загадената животна средина.
Фирмата „Еко Клуб” од Битола само во последната година има склучено над 60-тина договори од тендери во вредност од над 130 милиони денари, меѓу кои само тендерот на ЈП за државни патишта изнесува околу 60 милиони денари. Тендери оваа фирма добивала и од министерството на Шекеринска и од други државни институции, воглавно од министерството на Венко Филипче.
Залудни се дефокусирањата и манипулациите на јавноста од страна на СДСМ и Владата.
Здравјето на граѓаните за оваа власт е трговија и заштита на бизнис интересите.
Заради тоа мора да има одговорност и ќе има на 12-ти април.
Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ