Во рамките на програмата за улично осветлување за 2024 година, се проширува и се модернизира уличното осветлување на улицата „Маршал Тито“, на влезот во Берово, и тоа на потегот од ЈП „Национални шуми“ до „Макпетрол“ во Берово.
– Нова линија на улично осветлување, со поставување на електрични столбови, е инсталирана на должина од околу 200 метри. Поставени се 6 канделабри, со висина од 8 метри. Поставени се светилки, според сите стандарди за енергетски ефикасно ЛЕД- осветлување, со што се подобрува безбедноста во сообраќајот, особено во ноќните часови – информира градоначалникот на Општина Берово, Ѕвонко Пекевски.
Улицата „Маршал Тито“ во Берово е важна сообраќајница и осветлувањето на овој дел од градот е од големо значење за сите жители на Општина Берово и за туристите кои доаѓаат.