„Враќањето нема врска со политиката, бидјеќи јас не сум политичар“. Ова го изјави голманот на македонската репрезентација, Борко Ристовски, по потпишувањето на договорот со ракометниот клуб Вардар.

– Единствената причина поради која влегов во политиката е да му помогнам на спортот, изјави Ристовски.

Откако го раскина договорот со португалска Бенфика, тој избра да се пресели во европскиот шампион и покрај помалата финансиска понуда. За него бил заинтересиран и германски Рајн-Некар Левен.

Тој додаде дека не знае што ќе биде понатаму со екипата и како ќе се одвиваат работите.

– Во овој момент знам дека ситуацијата лоша. Имам информации дека некои средства се влезени во клубот, меѓутоа не можам да кажам што точно ќе се случува, посочи новиот голман на Вардар.

За Ристовски ова ќе биде трет пат како ќе го облече „црвено-црниот“ дрес, откако претходно го носеше од 2001 – 2003-та, а потоа од 2010 – 2012 година.