Најтрофејниот клуб во италијанската Серија А, Јувентус, ќе се обиде за време на летниот преоден рок да стави крај на соработката со српскиот интернационалец, Душан Влаховиќ, тврдат фудбалските медиуми на Апенинскиот полуостров. Робусниот напаѓач веќе подолг период важи за желба на неколку клубови од англиската Премиер лига кои ќе мора да одвојат најмалку 60 мил. фунти за неговото обештетување.