Лондонскиот премиерлигаш Арсенал ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на српскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Јувентус, Душан Влаховиќ. Британските медиуми немаат дилема дека двата клуба ќе седнат на преговарачката маса само доколку официјалната понуда за напаѓачот не биде помала од 70 мил. евра.