Влаховиќ донесе конечна одлука

85

Српскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Фиорентина, Душан Влаховиќ, стави крај на сите дилеми кога е во прашање неговата клупска иднина. Иако за неговите услуги голем интерес покажаа челниците на Тотенхем и на Атлетико (М), малдиот напаѓач потврди дека не планира да ја промени средината до крајот на летниот преоден рок. Неофицијално, понудата за неговите услуги била околу 60 мил. евра.