Владо Јаневски со фановите ќе се журка на предновогодишен концерт во Скопје на 27 декември – Празниците се ближат….   

95

Најавата за концертот на мегапопуларниот Владо Јаневски гласи “Чаирчанец во Аеродром, за цела Македонија“.  А, “Аеродром“ е потенциран затоа што концертот ќе се случи таму во спортската сала “Јане Сандански“. И тоа не било каков концерт туку буквално голем – предновогодишен.

На 27 декември! Во очи на најлудата ноќ.  И да посакаа неговите фанови, а ги има во импозантен број, не можеа да добијат поубав новогодишен подарок од својот музички миленик. Тој самиот вели дека со проверени хитови кои редовно ги пее (“Еден бакнеж и магија се стори“, “Црно Тиквешко“, “Не зори, зоро“, “Ненормален“, “Напрај место слатка сестро“, “И тогаш некоја будала“, “Ако не те сакам“, “Што и да е ќе помине“….) сите радосно ќе влеземе во Новата 2025 година. Ќе има вистинска новогодишна атмосфера, луѓето да имаат неописиво чувство како да е 31 декември.                       До толку!

Со неговата песна и со попратни новогодишни реквизити, од прскалици, конфети, многу сијалички, накитена елка….се, само народот убаво да си помине. Така и треба, бидејќи Јаневски оваа 2024 ја заокружува успешно. Имаше многубројни преполни концерти, добро си заработи што е исто така важно во шоу-бизнисот, а има и нови песни.

Затоа и овој предновогодишен концерт се чека со големо нетрпение. Македонијо, подготвувај се за голема празнична журка со својот идол, во Скопје, впрочем како што вели и онаа неговата песна “Ова е наше Скопје.“  И ако, за оние кои се уште не знааат, Јаневски од пред некоја година живее на југ во топлата Гевгелија.   Д.М.