Владата ќе дава пари за поставување ПВЦ прозорци, сончеви колектори, поврзување на гасната мрежа…

177

Владата ќе дава пари за поставување на ПВЦ прозори, сончеви колектори, за купување и инсталирање на фотоволтаици и за поврзување на дистрибутривната мрежа на гас на жителите на Струмица и Куманово.

За поставување на ПВЦ прозори, Владата ќе одвои вкупно 25 милиони денари, а парите ќе бидат дадени на 1.200 домаќинства. Секое домаќинство ќе може да добие поврат на средства до 50 отсто односно не повеќе од 20.000 денари.

За сончеви колектори предвидени се 15 милиони денари, а пари за оваа намена ќе добијат над 1.000 домаќинства. Кофинансирањето ќе биде до 30 отсто, а едно домаќинство ќе може да добие до 15.000 денари.

За купување и инсталирање на фотоволтаици до шест киловати предвидени се 30 милиони денари, за над 400 домаќинства. Секое домаќинство може да добие до 80.000 денари поврат на вложените средства.