Владата ја презеде Универзална сала од Град Скопје  

435

На последната седница на Советот на Град Скопје, со мнозинство гласови, советниците ѝ дадоа зелено светло на одлуката за пренесување на право на реконструкција, доградба и надградба на Универзалната сала во Скопје. Со оваа одлука се овластува градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, да склучи договор со Министерството за култура, со кој детално ќе се уредат правата и обврските во врска со реализацијата на реконструкцијата, доградбата и надградбата на објектот.

Повеќе детали за тоа кои ќе бидат следните чекори на Министерството за култура, во однос на реконструкцијата на Универзална сала, ќе следат наредниве денови. По завршување на реконструкцијата овој култен објект повторно ќе му биде вратен на Град Скопје

 

Реконструкцијата на Универзалната сала конечно е предадена на Министерството за култура, откако градските советници на последната седница со мнозинство гласови дадоа зелено светло на одлуката за пренесување на правото на реконструкција, доградба и надградба на Универзална сала во Скопје. По завршување на реконструкцијата овој култен објект повторно ќе му биде вратен на Град Скопје.

Со оваа одлука се овластува градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска да склучи договор со Министерството за култура, со кој детално ќе се уредат правата и обврските во врска со реализацијата на реконструкцијата, доградбата и надградбата на објектот.

Во образложението на одлуката се наведува дека постојниот објект на Универзалната сала во Скопје, се наоѓа на земјиште што претставува КП.бр.10687/1-КО Центар 1, запишано во имотен лист бр.46384-КО Центар 1, сопственост на Град Скопје и дел од КП.бр.10687/9-КО Центар 1, запишано во Имотен лист бр.102680-КО Центар 1, на кое Град Скопје има право на трајно користење дадено со Одлука на Владата на Република Македонија бр.42-11058/1 („Службен весник на РМ“ број 206/2015). Истиот е запишан во Имотен лист бр.9216-КО Центар 1, како сопственост на Градот Скопје.

Воедно, во образложението на одлуката се наведува дека причината за предавањето на реконструкцијата на Министерството за култура е тоа што донираната проектна документација за реконструкција на Универзална сала, во периодот на мандатот на претходниот состав на Советот на Град Скопје (2017-2021), не соодветствува со состојбата на терен при изведбата, нотирано со записници од 6, 7, 8 и 9 месец 2021 година.

– Поради тоа што нема можност да се продолжи со измени во тек на градба, затоа што законот тоа го дозволува само во случај на градба, а не и при реконструкција како во конкретниот проект, а соодветно на донесениот Заклучок на Советот на Град Скопје, како и во согласност со позитивните законски прописи, во надлежност на Советот на Град Скопје е да ја донесе Одлуката за пренесување на право на реконструкција, доградба и надградба на Универзална сала во Скопје – пишува во образложението на одлуката.

Сега, Министерството треба да ја заврши првата фаза која ја почна екс-градоначалникот Петре Шилегов, односно реконструкција на надворешноста, за што веќе има пари и избран е изведувач.

Втората фаза предвидува реновирање на внатрешноста на салата.

Повеќе детали за тоа кои ќе бидат следните чекори на Министерството за култура во однос на реконструкцијата на Универзална сала, ќе следат наредниве денови. 

Универзална сала не работи 7 години. Салата почна да реконструира во септември  2021 година, но по доаѓањето на Арсовска, градежните  работи беа прекинати. Таа го обвини минатото раководство дека е виновно што концертната сала не се гради, како и дека проектот е небезбеден.

(А.П.)