Владата размислува користењето на криптовалути да го стави во законски рамки

33

Владата размислува користењето на криптовалути да го стави во законски рамки. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека според него тоа е иднината и дека ќе бидеме меѓу првите земји во регионот кои тоа ќе го направат.

– Сакаме сето тоа легално да го канализираме во рамки на законот, но има премногу работи што треба претходно да се усогласат и тоа и го правиме – ги усогласуваме тие работи за да дојдеме до финалниот производ. Тоа е иднината и мислам дека ќе бидеме меѓу првите во регионот, ако не и први, такво нешто да направиме. Како ќе функционира, ќе видиме, но тоа по мене е иднината – изјави Мицкоски.

Вредноста на биткоинот вчера за првпат надмина 100.000 долари.

 

ИЗДВОЕНИ