Владата на денешната седница му го продолжи мандатот на Владо Бучковски за специјален претставник на Владата на Република Северна Македонија за Република Бугарија.
-На предлог на Комисијата за именување, на денешната седница проф. д-р Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на Владата на Република Северна Македонија за Република Бугарија, со што практично му е продолжен мандатот кој истекува на 1 декември 2021 година, соопшти владината прес-служба.