Владата е подготвена да ги објави записниците за петте историски личности, најави Заев

106

Комисијата за историски прашања од 14 записници имаше решено три, денеска имаат аспирација да ги решат останатите 11 записници. Работата оди во една пријателска атмосфера и за мене е сигнал дека сите се трудат да прават напредок, изјави денска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за работата на зедничката македонско-бугарска Комисија за историски прашања.

Секое усвојување на записник, нагласи Заев, е напредок.

– Нашата Влада од досега усвоените записници е подготвена на некоја од следните седници да ги објави записниците за петте историски личности, односно трите историски периоди за да испратиме порака, дека веднаш после тоа започнуваме со импелемнатција на учебниците за 2021-22 година и од бугарска и од македонска страна, за сето она што е поврзано со Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на фотонапонска централа во Неготино.

Тој изрази уверување дека многу брзо ќе има и други решенија, затоа што, преку тие решенија, како што рече, го градиме заедничкото пријателство на двете земји.

Сега е потребен, нагласи Заев, вистински европски чекор на пријателство, кое што ќе даде задолжение и кај нас и кај нив, за уште повеќе да работиме на градење на тоа пријателство што сакаме да го видиме и во Република Северна Македонија и во Република Бугарија.