Вкупно 259 лица пријавиле штети од врнежи од град во општина Кавадарци. Како што појасни Зоран Младеновски, советник за заштита на животната средина при кавадаречката локална самоуправа, се работи за елементарна непогода од градобијни зрна, што направиле штети врз земјоделските култури од осумдесетина проценти во два наврата на кавадаречка територија.
– Општина Кавадарци објави јавен повик за отштета од елементарна непогода град во катастарска општина Дреново што беше зафатена на 27 јуни 2024 година и катастарска општина Кавадарци зафатена на 20 август. Комисијата составена од членови вработени во Општината и советници во општинскиот Совет, изготвува елаборат со пресметани количини на оштетените земјоделци и го доставува до Владата – Комисија за проценка и утврдување на штета од елементарни непогоди, по што следува обесштетување – додаде Младеновски.
Всушност, 72 лица пријавиле штета во дреновско и 187 во катастарска општина Кавадарци, или вкупно 259 пријави за штети од градобијни зрна.