Квалитетот на косата се намалува со возраста, бидејќи нашето тело произведува сè помалку од структурниот градежен блок познат како колаген. Урамнотежената исхрана, која ги обезбедува потребните макро и микронутриенти, може да помогне за растот на косата. Ова ги вклучува изворите на протеини, како мрсна риба и црвено месо, и растителната храна богата со витамини и со други хранливи материи, како спанаќ, семки и јаткасти плодови

Марија СОКОЛОСКА

 

Ако сте почнале да забележувате повеќе влакна на вашата облека или во четката за коса, не грижете се – не сте осамени. Иако промените на нашата коса може да направат да се чувствуваме изолирано или поинаку, сепак, тоа е многу честа појава.

Начинот на кој изгледа нашата коса и во каква состојба е може да влијае не само на нашиот физички изглед туку и на самодовербата и на расположението. И затоа, можеби, се прашувате што го предизвикува ова.

Што може да влијае на квалитетот на косата?

Квалитетот на косата има тенденција да се намалува со возраста, бидејќи нашето тело произведува сè помалку од структурниот градежен блок познат како колаген. Но, ова е само еден од многуте можни фактори што може да влијаат на начинот на кој изгледа нашата коса и во каква состојба е.

Популарните решенија за коса, како што се продолжетоците, периките, хемиските третмани и производи ветуваат брзо подобрување на состојбата, често се скапи, одземаат многу време и може да имаат различни несакани ефекти.

Вообичаени фактори што може да влијаат на квалитетот на косата се:

– возраста;

– лошата исхрана;

– изборот на нездрав начин на живот;

– дигестивните проблеми;

– стресните настани;

– генетиката;

– еколошките и други фактори, како и недостигот на важни витамини и минерали, како биотин, витамин Ц, витамин Б6, цинк, кератин, екстракт од коњска опашка.

Биотинот, исто така, е познат како витамин Б7. Често се користи за поцврсти коса и нокти. Истражувачите веруваат дека постои врска меѓу недостигот на биотин и квалитетот на косата. Оваа хранлива материја игра важна улога во формирањето здрави клетки и е од суштинско значење за „метаболизацијата“ на мастите, аминокиселините и на јаглеродните хидрати.

Екстрактот од коњска опашка е од суштинско значење за квалитетот на косата, бидејќи ја зајакнува, ја подобрува еластичноста, го поправа оштетувањето, го спречува кршењето, ја одржува мазна и ѝ дава природен сјај.

Витаминот Ц е богат со антиоксиданси и нуди бројни придобивки за косата. Се користи од телото за заштита од оксидациски стрес, за поддршка на здравјето на кожата (и на скалпот), а, исто така, е потребен и за создавање колаген. Витаминот Ц му помага на телото да го апсорбира железото, важен минерал за здравјето на косата и на целокупното здравје.

Цинкот е минерал во трагови, кој е важен за одржувањето на косата и на скалпот.

Кератинот е од суштинско значење за косата, бидејќи ја зајакнува, ја подобрува еластичноста, го поправа оштетувањето, го спречува кршењето, ја одржува мазна и ѝ дава природен сјај.

Значи, витамините и минералите од храната играат важна улога во циклусот на раст на фоликулите на косата и во обртот на клетките.

Диетата во која недостигаат потребните хранливи материи може да доведе до губење на косата, вклучително и недостатоци од:

  • витамини Б12 и Д;
  • рибофлавин;
  • железо.

Урамнотежената исхрана богата со овие витамини и минерали може да помогне во растот на косата, особено ако се должи губењето на косата на лошата исхрана.

Која храна е најдобра за раст на косата?

Не постои ниту една храна што најмногу го поддржува растот на косата. Наместо тоа, урамнотежената исхрана, која ги обезбедува потребните макро и микронутриенти, може да помогне за растот на косата. Ова ги вклучува изворите на протеини, како мрсна риба и црвено месо, и растителната храна богата со витамини и со други хранливи материи, како спанаќ, семки и јаткасти плодови.

Меѓу продуктите што го поттикнуваат растот на косата се јајцата, спанаќот, мрсната риба и слатките компири.

Значи, калоричната храна со препорачаните есенцијални хранливи материи, вклучувајќи ги протеините, антиоксидансите, железото и масните киселини, може да помогне за раст на косата.

Кое овошје е најдобро за косата?

Бобинките ги обезбедуваат клучните антиоксиданси, како што е витаминот Ц. Антиоксидансите може да помогнат во спречувањето на оштетувањето на фоликулите од слободните радикали. Витаминот Ц, исто така, му помага на вашето тело да го апсорбира железото, кое е неопходно за раст на косата.

Во крајна линија

Она што го јадете, може да влијае на здравјето на вашата коса.

Недостигот на соодветни хранливи материи, вклучувајќи ги витамините А, Ц, Д и Е, цинкот, витамините од групата Б, железото, биотинот, протеините и есенцијалните масни киселини, може да го забави растот на косата или да предизвика губење на косата.

Коригирањето на недостигот на која било од овие хранливи материи може да помогне во лекувањето на опаѓањето на косата и да го поттикне растот на косата. Ако ви недостига некоја од овие хранливи материи, обидете се да додадете некој од горенаведените продукти во вашата исхрана.