Советничката за исхрана Есмералд Ван Ланген(32) од Торонто која е и модел, предизвикува големо влијание на Инстаграм со фотографиите што ги објавува, и со својата височина.
Имено, таа е висока 193 сантиметри и е во среќен брак со маж кој физички не може многу да и парира со своите 160 сантиметри.
Оваа Канаѓанка секогаш се надевала дека ќе ја достигне височината на својата сестра, која е висока 190 сантиметри и додека била малечка толку била одушевена од сопствената височина што дури избегнувала да пие газирани пијалоци кога слушнала дека можат да го запрат растот.
https://www.instagram.com/p/CDnFnNlpRfW/?utm_source=ig_embed
Кога имала 9 години, Емералд забележала дека расте многу побрзо од своите врсници. Денес, има 193 сантиметри и е благодарна што со својата височина лесно се протуркала во водите на моделството.
„Ми пишуваат мажи, некои дури ме молат да им испратам слика кај стојам покрај врата или ми даваат предлози да почнам да објавувам перверзни видео-снимки.
Научила да се шегува на сопствена сметка, а тренерите по кошарка секогаш ја канеле да се придружи во нивните екипи.
Таа вели дека нејзината височина се должи на генетиката и здравиот начин на живот. Но открива и дека кога одела во училиште морала да се наведнува за да ја собере во кадарот на групните фотографии. А тоа го прави често и денес.
Таа раскажува за врските и средбите со момчиења и признава дека на почетокот било вистински предизвик да најде некој што ќе и се додворува заради нејзина височина. Но како што велат, со време и тоа се подобрува, па таа си ја нашла својата љубов и, секако, денес има тони онлајн обожаватели.
„Со сопругот сме во брак веќе 11 години, а тој е висок само 160 сантиметри во однос на моите 193. Пред да се запонаеме, не излегував многу со момчиња и секогаш тоа беа пониски момчиња, објаснува таа.
Иако е поверојатно да се замисли дека пониски мажи би се плашеле од нејзината височина, Емералд потврдува дека е сосема спротивно.
„Некогаш, најголем проблем ми беше да најдам соодветна облека, ама денес не е така бидејќи знам каде точно можам да купам по нешто за својата височина. Ама за венчавката морав да нарачам одреден свадбен фустан, вели Емералд на која, сепак, најлошото искуство и е со разгледувањето станови.
Откако бев во неколку станови каде што се лувствував клаустрофобично, научив дека е најдобро однапред да прашам колку е висок тавнот.
Извор:www.greenlemon.me