Вински музеј Кавадарци  за четири години го посетиле 13.500 странски и домашни гости

Кавадаречкото културно лето, годинава со многу активности

68

Вински музеј Кавадарци е посетен од околу 13.500 посетители за неполни четири години. Според директорката Весела Честоева расте  интересот за музејот се повеќе ,а во овој летен период најголем дел од гостите се од различни делови на светот. Директорката на музејот го најави претстојниот гурмански викенд што ќе го организира овој музеј во наредниот период, а на кој ќе се спојат тиквешките вина и ракии со традиционална храна, типична за ова поднебје.

 

Вински музеј Кавадарци е посетен од околу 13.500 посетители за неполни четири години.Според директорката Весела Честоева расте  интересот за музејот се повеќе, а во овој летен период најголем дел од гостите се од различни делови на светот.

– За првата половина од оваа година имаме евидентирано околу 1.600 гости од земјава и странство, лани бројот на посетители изнесуваше околу 3.500, соопшти Честоева.

Таа информира  дека расте интересот за посета на овој музеј од страна на заинтересирани туристи, ученици, обични граѓани, љубители на историјата, традицијата и културата на овие простори.

– Со отворањето на две винотеки во склоп на винскиот музеј, посетителите не само што може да уживаат во винската приказна на Тиквешкиот регион како најголем лозаровинарски регион во државата, туку имаат можност и да дегустираат од надалеку познатите тиквешки вина и ракии. Можат и да си купат од нив, како и маџун, производ од грозје за кој како и за виното, се верува дека има лековити својства, подвлече Честоева.

Директорката на музејот го најави претстојниот гурмански викенд што ќе го организира овој музеј во наредниот период, а на кој ќе се спојат тиквешките вина и ракии со традиционална храна, типична за ова поднебје.

Честоева исто така најави активностите што ќе ги реализираат во средината на месецов,  како што се мини детска ликовна колонија, што ќе се организира исто како и гурманскиот викенд, во рамките на кавадаречкото културно лето.