Вини најпосле дозна што му направија челниците на Реал (М)

214
epa10644429 Referee Ricardo de Burgos Bengoetxea (2-R) talks with Real Madrid's striker Vinicius Junior (R) during the Spanish LaLiga match between Valencia CF and Real Madrid at Mestalla stadium in Valencia, Spain, 21 May 2023. EPA-EFE/Biel Alino

Реал (М) сака да го продолжи договорот со Винисиус Јуниор, но Бразилецот е мисли и на парите кои му ги нудат Саудијците кои се подготвени се да му дадат милијарда евра и да ги соборат сите можни рекорди во светот на спортот. Можеби пред една година немаше да размислува за тоа, но откако Франс Фудбал го „измами“ и во последен момент му ја даде „Златната топка“ на Родри, Бразилецот почна да размислува во друга насока.

Сега „Кадена Сер“ објави дополнителни информации кои Винисиус ги прочитал и нема дилема дека се мачи како никогаш откако пристигна во Мадрид.

Да потсетиме, делегацијата на Реал (М) одби да присуствува на доделувањето на „Златната топка“ во Париз, сето тоа затоа што се дозна дека Винисиус нема да ја добие наградата која му „припаѓала“. Изгледаше како фер однесувањето на „кралевите“ кои застанаа покрај својот играч, иако многумина ќе го осудат нивниот потег и ќе го наречат кукавички и срамен.

Сепак, „Кадена Сер“ носи ексклузивна информација дека Реал однапред ја знаел одлуката на УЕФА и Франс Фудбал, но челниците молчеле, за Винисиус да се фокусира на дербито против Барселона, кое се играше непосредно пред доделувањето на „Златната топка“.

Според извори блиски до Винисиус, опкружувањето на играчот од петокот минатата недела се сомневало дека Бразилецот нема да ја освои „Златната топка“. Тие се обратија до Реал, но клубот одби да го каже она што веќе го знаеше – Бразилецот нема да биде прогласен за најдобар на светот.

„Во понеделник наутро имаше голема тензија во „Валдебебас“, а челниците на неколку пати пред новинарите го потврдија своето присуство на гала вечерата и планираниот чартер лет. Всушност, имаше важни луѓе од клубот кои се појавија во „Сиудад Депортиво“ со намерата да отпатува за Париз и таму дозна дека нема да има патување Во тој момент беше донесена одлука никој да не патува и дека нема да се даваат изјави за тоа“, вели Кадена Сер.

Тогаш се чинеше дека сите во Мадрид застанаа на страната на својот најдобар играч, одбивајќи да патуваат во Париз, но всушност речиси сите знаеја дека тој нема да биде избран за најдобар, но молчеа за да не му пречат пред дуелот со Барса.

Ниту тоа не му помогна на Реал, откако Барселона победи со 4:0 во Мадрид, а Винисиус како и поголемиот дел од тимот изгледаше непрепознатливо на теренот.

Освен богатите Саудијци, за играчот се заинтересирани и европските гиганти како ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Челзи, но во Мадрид не сакаат ни да помислат да загубат таков напаѓач, иако некако би им било полесно бидејќи ова лето беше донесен Килијан Мбапе.