Винисиус да објасни, како тоа Јамал е црнец, а во Џирона доби овации?

57
epa11413197 Josko Gvardiol (L) of Croatia in action against Lamine Yamal of Spain during the UEFA EURO 2024 group B match between Spain and Croatia in Berlin, Germany, 15 June 2024. EPA-EFE/FILIP SINGER

Каталонскиот гигант Барселона со 4:1 победи на гостувањето кај Џирона во натпревар од 5. коло од Ла Лига. Убедливо најзаслужен за освоените три бода е големиот талент Ламине Јамал кој постигна два гола, а во листата на стрелци се запишаа уште Дани Олмо и Педри. По пет кола Барселона има исто толку победи, со гол разлика 17:4, а тимот на Ханси Флик изгледа одлично, исто како Јамал.

Младиот шпански крилен напаѓач има три гола и четири асистенции на пет настапи, а доби и овации од домашната публика на дуелот против Џирона. Во 92. минута наместо Јамал влезе Џерард Мартин, а домашната публика со голем аплауз го испрати 17-годишникот. Овој детал го забележа шпанскиот новинар Хосеп Капдевиља, кој направи паралела со бразилскиот интернационалец од редовите на Реал (М), Винисиус Јуниор (24).

Бразилецот често се жали на однесувањето на шпанската публика на гостинските стадиони, каде често е исвиркуван и навредуван на расна основа.

Винисиус со своето однесување често предизвикува реакција кај противничките фанови, кои не му остануваат должни. После тоа, тој редовно се жали и тврди дека неговиот третман е поврзан со расизам.

Споменатиот новинар Капдевила напиша на X: “Не разбирам. Ламине е црн, а беше испратен со овации од стадионот на Џирона. Винисиус, можеш ли да ми објасниш?”.