Винариите нема веќе да ја одредуваат цената на грозјето

Ресорното Министерството во заштита на лозарите 

102

Производствената цена на виното ќе ја соопшти Министерството,а не винариите. Ова го кажа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при посетата на  општина Кавадарци каде  оствари средба со двете земјоделски  здруженија кои што се од регионот Федерацијата на фармери, Здружението на мали семејни винарии, претставници од Земјоделскиот инспекторат, Подрачна единица, пратениците, градоначалниците поради претстојниот откуп на грозје.

-Ниту една винарска визба не е таа која што ќе ја соопшти производната цена, дециден е министеротТрипуновски и објасни дека има Закон за пропиша Методологија за пресметка на производна цена на двете најзастапени вински сорти, тоа е смедеревката и вранецот.

Согласно таа Методологија и согласно Законот Министерството веќе објавило  повик кој што траел 15-тина дена.Заврши Повикот, по што склучен е Договор со Земјоделскиот институт – Скопје. Тоа е научна институција која што треба во наредниот период да излезе со производна цена за двете најзастапени сорти, и таа производна цена треба да биде зголемена за 25% како добивка према лозарите.

-Јас веќе со директорот на Земјоделскиот институт – Скопје разговарав и го замолив, со оглед дека е продолжен викенд, да се стават во функции за време на викендот се со цел веќе на  почетокот на идната недела да имаме производна цена која што ќе биде зголемена за 25%, истакна министерот.

Трипуновски информирал дека секое откупно место ќе биде покриено со претставник од Земјоделскиот инспекторат. Инспекторатот во наредните денови ќе направи дополнителна проверка на сите ваги кои што постојат на откупните места, затоа што во минатото се случувало да има манипулации во мерењето, и во мерењето на шеќерните единици и во количината.

Министерот потсетил дека ланскиот денар кој што го ветила минатата Влада уште не е исплатен, но со пренамената на Програмата  се обезбедени средства и во наредниве недела дена и тој денар ќе биде пуштен до лозарите.

-Во висина од околу 76 милиони денари ќе биде исплатена сумата за ланскиот денар, вети Трипуновски и упати апел до сите лозари дека нема да дозволат  да се манипулира нивниот труд.

Тој додаде дека целта во наредните години е да се зголеми производството на вино, да се зголеми извоз и тоа ќе значи сериозен девизен прилив на државата по основ на извоз на вино.