На вечната дилема за тоа кој е најдобриот кошаркар на сите времиња се приклучи и играчот на Филаделфија, Џоел Ембид. И додека поголемиот број тврдат дека тоа е Мајкл Џордан, другите сметаат дека е Леброн Џејмс, центарот Ембид не се сложува ниту со едните, ниту со другите.
- Говорат многумина дека Џордан е најдобриот, но не е. За мене тоа е Вилт Чемберлен. Па тој ги држи сите рекорди кои никој нема да ги собори. Не гледам дека некој може да постигне 100 поени на еден натпревар. Тоа е тоа, тој е најдобар, порача кошаркарот на Филаделфија.
Одличниот кошаркар со потекло од Камерун и трети пик на НБА драфтот во 2014 година оваа сезона бележи во просек по 27.3 поени, 13.5 скокови и 3.5 асистенции.