Вилијамс се сели во Лондон

82

Стандардниот првотимец во дресот на шпанскиот прволигаш Атлетик (Б), Нико Вилијамс, е најновата желба на раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Челзи. Репрезентативецот на Шпанија пред неколку месеци потпиша нов договор со баскискиот клуб, но во истиот има и ослободителна клаузула која ќе биде активирана доколку „сините“ испратат официјална понуда која нема да биде помала од 50 мил. евра.