По една сезона пауза, Македонија се враќа со свој клуб во Лигата на шампионите, а тоа ќе биде новиот шампион Еурофарм Пелистер. Битолчани ќе бидат дел од групата А, каде за ривали ги добија силните Кил, ПСЖ и Киелце од првиот шешир, како и екипите на Алборг и ПИК Сегед од вториот шешир.

Спортскиот директор на Кил, Виктор Силаџи, ги искажа првите импресии за групата и противниците.

  • Добивме атрактивна група за фановите. Добивме два учесници на „фајнал-фор“ оваа година, плус секогаш моќниот ПИК Сегед. Еурофарм Пелистер и Колштад се новајлии и непознаници. Нашите навивачи секако со нетрпение го очекуваат Алборг, град и клуб каде што имаме многу наши поддржувачи, рече спортскиот директор на „зебрите“, Виктор Силаџи.

Кил ќе гостува во Битола кај Еурофарм Пелистер на 28/29 септември, а во „Шпаркасен Арена“ ќе ги пречека пелистерци на 21/22 февруари 2024 година.

Еурофарм Пелистер ќе ја почне групата фаза на домашен терен против ППД Загреб на 13/14 септември, а завршното коло ќе го одигра против истиот противник на гостински терен на 6/7 март идната година.