Викендот две лица од Кина влегле во Македонија, немаат симптоми на корона вирус

258

Покрај патниците што доаѓаат со летовите од Истанбул и Дубаи, поради корона вирусот, на скопскиот аеродром се скенираат и патниците кои доаѓаат со летови од Доха, а викендот биле извршена и проверка на двајца патници кои пристигнале со лет од Белград, но било констатирано дека се од Кина, кај кои по проверката не е утврдено дека имаат симпотоми и понатаму се пропуштени со препораки за корона вирусот.

Ова го соопшти Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје, член на Комисијата за јавно здравје.

-Граѓани самостојно не побарале да бидат испитани. Покрај летовите од Истанбул и Дубаи, на кои се проверуваат патниците со термални камери, ги додадовме и патниците кои доаѓаат со лет од Доха, бидејќи и патниците од Доха преку интерконеција може да бидат поврзани со Кина. Оди рутинско снимање на камерата. Во текот на викендот имавме два влеза на лица кои дошле од Белград, лет што не е под надзор, но лицата доаѓале од Кина, и бидејќи не е предвидена камера лицата не биле скенирани, но од граничната полиција било утврдено дека доаѓаат од Кина затоа е повикана аеродромската здравствена екипа измерена им е темпратура и патниците се здрави и немаат симптоми со препораки се пуштени, изјави Кузмановска.

Таа истакна дека случај на корона вирус може да има во кој било дел на светот и дека е можно во секој момент да влезе и да се увезе од таму. Бидејќи сите комуницираме директно или индиректно со Кина, треба да очекуваме да се појави каде било, затоа, рече, сега согласно со препораките на СЗО се преземаат мерки за задршка, односно спречување.

Спроред неа, а согласно препораките, важно е да се избегнува директен контакт со лица кои се болни, да се мијат рацете и доколку се оди во Кина да се избегнува контакт со животни.

За македонската државјанка која беше евакуирана од Вухан, рече дека се уште не е во земјава, и дека властите во Франција одлучиле заедно со другите кои беа евакуирани да ги чуваат во здравствен надзор.

Таа во изјава за медиумите повтори дека државата е подготвена и оти има доволни количини на заштитна опрема во делот на маски, ракавици и слично и дека во тек е процедура за дополнителна набавка на потребни количини маски, ракавици, заштитни мантили и се што е потребно согласно со процедурата.

Не појасни колкава количина ќе се набавува, наведувајќи дека Министерството за здравство ја врши набавката, а не Институтот за јавно здравје, но посочи дека се проценува оти набавката би била два-трипати поголема.