Викендов стабилно со пораст на дневната температура, од понеделник повторно локален дожд и грмежи попладне

89

Времето денесака ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе достигне од 26 до 34 степени. УВ иденсксот ќе има вредност 8.

Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 32 степени.

Според прогнозата на УХМР, викендов ќе преовладува стабилно време и дневната температура ќе биде во пораст. На почетокот на следната седмица во попладневните часови повторно ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

-Потоа се очекува постабилен и сè потопол период, информира УХМР.