Авиокомпанијата „Визер“ ги намалува цените на дополнителните производи, услуги и надградби, правејќи го летањето подостапно за патниците. Оттаму информираат дека само за одреден период, патниците можат да ја искористат оваа можност да користат премиум поволности по неверојатно ниска цена.
–Се однесува за сите патници – без разлика дали веќе го резервирале билетот или се прави нова резервација – може да уживаат во врвно патничко искуство за малку пари-чекирани куфери, Виз приоритети и избор на седишта за 9 евра за секое од нив – велат од компанијата.
Оваа понуда важи само за патувањата пред 26 март 2024 година.
Оваа најбрзо растечка и еколошки најодржлива авиокомпанија во Европа на глобално ниво 1 е наградена со „Стратешка инвестиција на годината – Европа“ на „2023 SAF Investor Awards” во Лондон. „SAF Investor Awards” ги препознава индустриските лидери, кои преземаат чекори за декарбонизација на авијацијата со значајни трансакции што помагаат да се придвижи индустријата напред.
„Визер“ доби признание за својата капитална инвестиција од 5 милиони фунти во „Firefly“, иновативна компанија за биогориво со седиште во Велика Британија, за поддршка на истражувањето и развојот на одржливи опции за производство на одржливо воздухопловно гориво (САФ). „Firefly“ е специјализиран за уникатен процес, кој ја претвора тињата од отпадната вода, отпаден производ со мала вредност достапен во големи количини, во САФ.