На интернет-платформата Редит се појави едно големо и битно прашање што разви долга дискусија. Тоа гласи: Вие кои имате над 30 години, каков животен совет би имале за 18-годишниците и луѓето во своите 20-ти? Следат дел од одговорите:
„Во ред е да одвоите време за донесување одлуки. Не дозволувајте луѓето да Ве избрзуваат во голем избор на животот. Но, исто така, нема ’совршено време‘ за многу големи настани во животот. Студирањето, патувањата, врските, па дури и децата – сѐ тоа се учи во од и Вие може да пропуштите многу, ако чекате сѐ тоа да се насобере“.
„Редовно истегнувајте се и внимавајте на Вашето држење бидејќи подоцна нема да уживате во болките во грбот“.
„Вашите тинејџерски години не се толку важни колку што мислите дека се. Кога бев тинејџер, се чувствував како на врвот на зрелоста и секој мој избор ќе ме прогонува засекогаш. Кога наполнив 21 година, одеднаш се почувствував безначајно, што пак, исто така, не е вистина“.
„Штедете пари. Дури и ако тоа е само малку секоја недела. Одвојте сметка и не допирајте ја. Ќе имате пари да вложувате во себе по неколку години, кога ќе имате подобра замисла за тоа каде сакате да Ви оди животот“.
„Гневот е здрав и рационален во многу случаи, но штетно е постојано да се живее во гнев и омраза“.
„Обидете се да изградите динамичен однос со Вашите родители. Користете ги нивните ресурси колку што можете, но Ве молам, размислувајте сами, носете одлуки сами и не следете ги слепо нивните совети“.
„Научете да кажете – не!“
„Во ред е ако сè уште не знаете кој сте. Вие сте личноста која одлучува што е во ред за Вас и кога е време да го постигнете тоа“.
„Не размислувајте премногу за тоа што другите луѓе мислат за вас“.
„Училиштето не е сè. Но образованието / учењето е. Не мора да одите на најдобриот колеџ (или факултет), да магистрирате и да им удоволувате на професорите. Само продолжете да учите на Вашиот начин и зголемете го Вашето знаење со работите за коишто најмногу се грижите“.
„Не плашете се да правите грешки. Правете грешки сега и размислете за нив. Не е лошо да погрешите понекогаш“.