Виенските киосци кои продаваат колбаси стануваат дел од светското културно наследство на УНЕСКО

54

УНЕСКО им додели статус на нематеријално културно наследство на киосците што продаваат колбаси во Виена, „Würstl-stands“.

Иницијативата што ја покренаа повеќе сопственици на штандови со традиционалните вурст беше поддржана од Градот Виена и Стопанската комора на Виена, а иницијативата беше покрената затоа што „забележано е значително намалување на бројот на овие киосци“, се вели во соопштението од Канцеларијата на градот Виена, пренесува АП.

„До 2010 година во Виена имаше околу 500 вакви штандови, додека денес ги има околу 120. Бидејќи штандот Вирстл во Виена е институција, иницијативата постави за цел да го внесе во листата на нематеријално наследство на УНЕСКО “, се вели во соопштението.

„Овие киосци не само што го обликуваа урбаниот пејзаж на Виена, туку станаа и места за социјални собири и места каде што се користи посебен вид на говор“, се вели на веб-страницата на УНЕСКО.

Статусот на нематеријално културно наследство во австриската престолнина имаат и виенските кафулиња, виенските лозја и виенскиот валцер.

 

ИЗДВОЕНИ