Виена вложува 120 милиони евра во изградба на социјални станови

88

Главниот град на Австрија, Виена ќе вложи 120 милиони евра во изградба на социјални станови со што е пример за многу светски метрополи. Во Виена од платата на секој работник се издвојува посебен данок со кој се финансира градбата на социјални станови.

Познато е дека градот Виена е најголемиот издавач на станови, па дури 60 проценти од жителите живеат во вакви станови. Виенскиот станбен фонд купува земјиште за наменска изградба на станови како би се спречиле можните шпекулации за силен пораст на цените на пазарот на недвижности, а строгите правила за инвеститорите овозможуваат висок квалитет во домувањето.
Инвеститорите на градските власти им ги презентираат нивните проекти, а независна интердисциплинарна комисија го оценува секој проект во четири категории: социјална одржливост, архитектура, екологија и економичност. Секој сегмент е многу важен, а инвеститорот чиј проект е најдобро ги исполнува сите четири критериуми, ја добива работата.
Најновите проекти се во виенските населби Лизинг, Ландштрасе и Данауштад и на овие три локации до 2020 годинаа се планира да се изградат 3.200 субвенционирани станови .
Преку изградбата на субвенционирани станови, градот Виена сака да го задржи високиот квалитет на живот и да осигура прифатливи цени на становите за сите жители на главниот австриски град, бидејќи според градоначалничката на Виена, Катрин Гал, социјалната градба на станови е клучот за успешниот соживот во престолнината.