Видов пиштол во седиштето на Десна, претпоставувам беше на Палевски

Сведочеше сопственикот на Рено Кангу Ѓорги Џолев

784

Сведочеше сопственикот на возилото Рено Кангу, Ѓорѓи Џолев кој рече дека возилото го донирал на партијата бидејќи “ врзувале крај со крај”. Кажа дека искомуницирал на Телеграм со Љупчо Палевски вечертта кога го повикала полицијата на распит и тој му рекол дека ако заврши побрзо со кичмата ќе дојде. Посведочи дека во старото партиско седиште видел пиштол во футрола и претпоставува дека е на Палевски. Џолев бил претседател на ЦК на партијата и оти се приклучил бидејќи ги следел поткастите на шефот на партијата. За обвинетите Велинор Манев и Влатко Кешишев имале “ поданички однос” кон Палевски. Судењето продолжува со испрашување на сведоци. (П. А)