Едно типично топло попладне во Аризона, голферите се собраа за турнирот „Феникс Опен“, еден од најпознатите од серијата ПГА Тур, каде што играчите се бореа за престижната титула. Но, една навивачка им го украде шоуто на главните актери.

Во еден момент сонцето „ ѝ удри во главата“, па дамата ги покажа своите гради и со тоа ги воодушеви навивачите. Ниту американските медиуми не знаат дали станува збор за тоа што ѝ дошло премногу топло или сакала да ги деконцентрира играчите, но навивачите не се бунеа премногу.

Згодната навивачка дури успеа да го привлече вниманието на еден голфер, кој ја промаши дупката и тоа на растојание од само неколку метри. Токму поради тоа, таа стана хит на социјалните мрежи.