Во секојдневниот брзање поради обврските, често забораваме на најважните луѓе во нашите животи, семејството и пријателите. Честопати ја сфаќаме вредноста на она што го имаме дури кога ќе го изгубиме.
За да го привлече вниманието на овој проблем, Дејвид Бертен (45) од Белгија на драстичен начин му покажа на семејството што значи да се изгуби саканата личност. Ја лажирал сопствената смрт и го организирал погребот со помош на сопругата и децата. Неговата ќерка објави емотивна порака на TikTok: “Почивај во мир тато. Никогаш нема да престанам да те сакам. Зошто е животот толку неправеден? Ти требаше да бидеш дедо и цел живот го имаш пред тебе. Те сакаме и ние никогаш нема да те заборавам“.
Членовите на семејството и пријателите дојдоа на погребот, собрани во поворка. Но додека тие тагуваа над нив се појави хеликоптер од кој излегоа камерманот и „покојникот“, а изненадувањето меѓу насобраните беше… Во најмала рака беше големо.
@el.tiktokeur2 Tu nous a eu je te le jure j etais en pleure moi et apres j ai eu le choc poto on t aime beaucoup ❤️@Ragnar_le_fou @Leclercq Philippe #fyp #pourtoii #fypシ ♬ son original – Thomas faut
“Многу пати ме повредуваше тоа што моето семејство не ме кани и што се оддалечуваме еден од друг. Се чувствувам невидливо, како да не ме ценат. Имав желба да им покажам колку е важно тоа е да ги цениме оние што се со нас додека се живи“, објасни Дејвид.
Видеото од овој настан објавено на TikTok набрзо стана вирално и предизвика различни реакции.
„Толку тажно… Сурово е намерно да ги повредуваш луѓето кои се грижат за тебе“, „Кутриот човек. Се надевам дека неговото семејство ги разбира неговите чувства и му покажува љубов“, „Мора да е најлудото чувство на светот кога ќе видиш човек жив и здраво, откако се уверивте дека е мртов“, се дел од коментарите под објавата на TikTok.