(ВИДЕО) Не се вонземјани, ледениот диск е природна појава

95

Големо кружно парче мраз што се формираше на реката Присампскот во американската држава Мејн, наведе некои граѓане да си помислат дека тоа е трага што ја оставило вонземско летало.

Ен-Би-Си њуз наведува дека сепак не станува збор за вонземски активности туку само за природна појава. Имено, парчето мраз што се простира на малку помалку од 100 метара и се врти спротивно од насоката на сказалките на часовникот, е само заледен дел од реката кој се откинал и кој поради постојаното судирање со брегот добил форма на диск.

Диск е забележан на реката која се наоѓа во Вестбрук, предградие на Портланд каде живеат  околу 17.500 илјади луѓе.

“О, не! Се ближи крајот на светот”, напиша еден од граѓаните на Фејсбуку коментирајќи ја појавата во реката.

Хидрологот од Националниот центар за атмосферски истражувања во Колорадо Итан Гатмен рече дека таков леден диск може да настане како последица од откинување на еден блок мраз на реката кој потоа паѓа под влијание на речните струи.

“Тоа на овој леден блок му дава циркуларен замав, затоа што под него од едната страна водата тече побрзо а од другата можеби тече побавно или дури и во спротивен правец”, вели Гатмен и додава дека поради таквото движење парчето мраз се удира од брегот по што со тек на време доаѓа до формирање на речиси совршен кружен облик.

Ист ваков феномен забележан е и во други подрачја во САД, но и во светот. Таква појава видена е во Мичиген и Северна Дакота. “Верувам дека ова се случува многу почесто одошто мислиме, но релативно невообичаено е да се види ваква форма среде град”, рече Гатмен и додаде дека ледениот диск во Мејн е еден од најголемите што некогаш ги видел. Според него, со тек на време дискот ќе се распадне на парчиња кои ќе се стопат.