Веќе се знае кој ќе биде првиот неевропски клуб во ЛШ

2363
The trophy is placed on display for the photographers before the soccer Champions League draw in Istanbul, Turkey, Thursday, Aug. 26, 2021. (AP Photo/Emrah Gurel)

Од сезоната 2024/25 стартува новиот формат во Лигата на шампиони во кој според досегашните информации би можел да учествува и првиот неевропски клуб, а такво нешто до пред неколку години звучеше незамисливо.

ЛШ на УЕФА е најгламурозното клупско натпреварување во светот кое гарантира милионска заработка за секој клуб кој ќе обезбеди пласман најмалку во групната фаза.

Иако досега ЛШ беше резервирана исклучиво за клубови од Европа, многу е извесно дека тоа нема да биде случај во блиската иднина.

Познатиот римски весник „Кориере дело спорт“ пишува дека УЕФА попуштила и дека од следната сезона ќе испрати покана до некој неевропски клуб, а веќе се знае за кого ќе биде резервирано местото.

Саудијците не кријат дека сакаат да играат во ЛШ, а ваквата одлука е донесена по неодамна одиграниот Арапски куп, кој беше полн погодок, а трофејот го освои Ал Наср со триумф над Ал Хилал.

Богатото саудиско кралство ја сака Лигата на шампиони, а Фондот за ПИФ нема да прашува за цената, што значи дека веќе го добија тоа што го сакаа.

Како што сега стојат работите, шампионот на Саудиска Арабија во наредниот период ќе добие покана за учество во Лигата на шампиони на УЕФА.

Според моменталната состојба, тоа е Ал-Итихад, за кој меѓу другите настапува и Карим Бензема, а во потесниот круг за добивање покана се и Ал Наср и Ал Хилал.

Саудиските клубови имаат се европско, и пари и модерна инфраструктура, единствено што им недостига е конкуренција на врвно ниво и јасно е дека нема да бираат средства за да го добијат тоа што го сакаат.

Саудијците во летниот преоден рок доведоа голем број познати ѕвезди од Европа и секако значително го зголемија квалитетот на својот шампионат, но немаат намера тука да застанат.

За потсетување, од сезоната 2024/25 во ЛШ ќе учествуваат 36 клубови, сите ќе бидат во иста група. Клубовите ќе одиграат по осум натпревари против клубови од четири различни по квалитет групи. Најдобрите осум ќе одат директно во нокаут фазата, а клубовите од 9. до 24. место ќе се борат за преостанатите места кои водат во осминафиналето.