Веќе има фаворит за потписот на Вирц

103

Англискиот премиерлигаш Ливерпул моментално важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на големиот талент од редовите на германскиот бундеслигаш Баер од Леверкузен, Флоријан Вирц. Офанзивниот играч за врска важи за голема желба и на раководните лица на Манчестер Јунајтед, Челзи, Арсенал, Баерн (М), Барселона и Реал (М), а официјалната понуда за неговото обештетување не смее да биде помала од 100 мил. евра.