Новиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани, откри каде ќе ја продолжи својата богата кариера откако ќе стави крај на авантурата на „Олд Трафорд“.
- Бока Јуниорс е гигант во светскиот фудбал – секој играч сака да игра таму. Некои работи од мојот разговор со Роман ќе останат тајна, но ако сакате да дознаете повеќе, можете да го прашате. Би било убаво да играм за Бока еден ден. Имам двегодишен договор со Јунајтед, ќе видиме што ќе се случи, изјави Кавани.