Поголемиот дел од англиските медиуми ја пласираа и информацијата дека големите ривали од Премиер лигата, Манчестер Јунајтед и Ливерпул, ќе се обидат до крајот на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на францускиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Антоан Гризман. Искисниот напаѓач беше купен за 120 мил. евра изминатото лето, но раководните лица на вицешампионот на Шпанија ќе седнат на преговарачката маса доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 80 мил. фунти.