Најголемите ривали во шпанската Ла Лига, Барселона и Реал (М), ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Габриел Мартинели. Тамошните медиуми тврдат дека двата клуба ќе испратат официјална понуда која нема да биде помала од 80 мил. фунти.