ВЕЧЕР ексклузивно на Ромскиот бал (фото галерија)

162

Вечерва, во хотелот Александар Палас се одржува традиционалниот Ромски бал на кој секоја година домаќин е пратеникот од Сојузот на Ромите, Амди Бајрам, а на кој вечерва присуствуваат преку 1500 гости.

За сега од политичарите присутен е домаќинот, пратеникот Бајрам, а поканети се и премиерот и министрите од владата, ама засега никој од нив не се појави на балот.

Меѓу присутните се гости од цела Европа, Бугарија, Босна, Косово, Албанија, Грција и други. Хотелот е пребукиран, нема место ни за ноќевање. Меѓу гостите се Мухарем Сербезовски, Верица Шерифовиќ и свекорот на Северина, Драган Којиќ Кеба кој веќе придонесе за разгорување на веселата атмосфера по вкус на присутните. Иако беше најавено и присуството на  Џеј Рамадановски, тој, сепак, не успеа да дојде бидејќи како што дознавме во меѓувреме се лизнал од снег и си ја скршил ногата.

Како што беше најавено во програмата за балот на официјалната Фејсбук-страница Ромски бал 2019 на масите можеше да се види богато мени од цело печено јагне на секоја маса, разновидни ордевери, најразлични пијалоци.

Во меѓувреме, за да не го чекаат крајот заради најавената чоколадна торта гостите ќе бидат почестени со традиционалниот избор на Ромска убавица.