Вечерва имаше пукање во Арачиново, ранети се две лица

159

Двајца арачиновци се повредени во пукање што денеска се случило во селото, информираат за „360 степени“ од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Станува збор за лицата С.А. и А.А. кои околу 19 часот со повреди од огнено оружје биле пренесени во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ за укажување на медицинска помош.

Според информациите од МВР, во лицата било пукано од возило „ауди“ во кое имало две лица.

„На 01.11.2024 околу 19 часот од Ургентен центар Мајка Тереза во СВР Скопје е пријавено дека со повреди од огнено оружје биле донесени С.А. и А.А. од село Арачиново. Според пријавеното, во нив во село Арачиново било пукано со огнено оружје од страна на две лица кои биле со возило ‘ауди’“, информираат од МВР.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ