Вечерва во Тел Авив на “Евровизија“: Да навиваме за Тамара, за среќа за влез во Големото финале!

500

Дојде и денот Д, кога нашата претставничка Тамара Тодевска на овогодинешната “Песна на Евровизија“ и официјално ќе застане на фестивалската сцена во Израел. Таа вечерва ќе ги брани боите на Република Северна Македонија со песната “Горда“ која ќе ја пее на англиски јазик под реден број 17.

Нам ни останува искрено да навивавме и да и посакаме среќа за влез во Големото финале кое ќе биде оваа сабота. Годинава тоа ќе биде нашето 19. по ред учество на фестивалот кој е од вистинско меѓународно значење. Од првата полуфинална вечер одржана пред два дена, од поранешните ЈУ-држави се пласираа само Словенија и Србија, а Црна Гора испадна.

Да се надеваме дека и Северна Македонија ќе им се придружи на Србија и Словенија. Но, додека ги очекуваме резултатите еве, накусо да се потсетиме на поранешните македонски претставници.

Првиот обид за учество на Македонија на “Евровизија“ беше во 1996 година кога Калиопи победи на „Скопскиот фестивал“ со песната „Само ти“, но за жал не успеа да се пласира за главната вечер. Во 1998 година, кога „Евровизија“ се одржуваше во Бирмингем, нашиот претставник Владо Јаневски настапи под реден број 25 со песната „Не зори, зоро“. Од вкупно 25 земји кои се натпреваруваа, Македонија заврши на 19. место со освоени 16 поени.

По пауза од една година, во 2000 учествуваа 24 земји, а нашите претставнички беа симптаични девојки од групата „Икс-икс-ел“ кои во Стокхолм, Шведска настапија под реден број 19 со песната „100% те љубам“. Со освоени 29 поени, Македонија заврши на 15. место. Во 2002 година во Талин, Естонија, на евровизиската сцена настапија претставници на 24 земји, а нашата претставничка Каролина Гочева со песната „Од нас зависи“ настапи под реден број 9. Со освоени 25 поени Македонија го освои 19. место со што не обезбеди пласман за следната година.

Иако многу се надевавме во настапот на Тоше Проески во 2004 година во Истанбул, Турција, нашата легенда во полуфиналната вечер под реден број 15 и со освоениот 71 поен успеа само да се пласира на 10. место, но и не да победи. Но сепак тогаш ни обезбеди учество во финалната вечер. А, со освоени 47 поени ја донесе Македонија само до 14. место. По победата на згодната Украинка Руслана и нејзините хитовски „Диви танци“, следната 2005 година „Евровизија“ се одржа во украинската метропола Киев, а по скандалот со Александра Пилева, за наш претставник беше избран Мартин Вучиќ. Македонија влезе во финалето каде што се натпреваруваше со останатите 24 земји, а со 52 поени заврши на 17. место.

Најдобриот пласман за Македонија на “Евровизија“ до сега го забележа Елена Ристеска во 2006 година со песната „Нинанајна“. На евровизиската сцена во Атина, Ристеска во конкуренција од 24 земји освои 56 поени и 12. место за тогашната Поранешна Југословенска Република Македонија. Годината кога „Молитвата“ на Марија Шерифовиќ ја забележа првата и засега единствена победа за Србија, во 2007 година натпреварот се одржуваше во Хелсинки, Финска, а Македонија по вторпат ја испрати Каролина Гочева која во конкуренција од 24 земји, со „Мојот свет“ собра 73 поени и го освои само 14. место.

Првите помалку и несреќни македонски претставници кои не успеаја да се пласираат во големото финале во 2008 година во Белград беа Тамара Тодевска, Раде Врчаковски Врчак и Адриан Гаџа. Тие во втората полуфинална вечер настапија под реден број 18 и освоија само 64 поени и 10. место, што не беше доволни за пласман во финале. Македонија во рускиот главен град Москва ги испрати дуото „Некст тајм“, кои во првата полуфинална вечер под реден број 13 настапија со песната „Нешто што ќе остане“. Од 18-те земји кои настапуваа таа вечер, Македонија собра 45 поени и повторно заврши на 10. место и без пласман за финале. 55. издание на натпреварот во 2010 година се одржа во Осло, Норвешка, а во првата полуфинална вечер под реден број 15 настапи Ѓоко Танески, кој заедно со Били Ѕвер и Дамјан Пејчиноски ја изведе песната „Јас ја имам силата“. Ниту тие влегоа во финалето.

На финалната вечер не настапивме ни следната 2011 година во Дизелдорф со „Русинка“ во изведба на талентираниот и музикалниот Влатко Илиевски. Во 2012 година во Баку, Азербејџан, нашата претставничка беше повторно Калиопи. Таа ја израдува нацијата со песната„Црно и бело“ па, настапи во големото финале под реден број 22. „Црно и бело“ освои 71 поен и во конкуренција од 26 земји заврши на 13. место.Претставниците кои во 2013 година ги пративме во Малме, Шведска со надеж дека можеби ќе победат беа Влатко Лозаноски и интернационално славната Есма Реџепова. Тоа беше можеби еден скандалозен национален избор бидејќи првичната песна „Империја“ предизвика големо незадоволство, па во замена ја пративме песната „Пред да се раздени“. Есма и Лозано настапија во втората полуфинална вечер под реден број 3, но со освоени 28 поени и 16. место, не заминаа во финалето.

Без пласман за финале остана и Тијана Дапчевиќ која во придружба на сестра и Тамара, Димитар Андоновски и Пере (од Нокаут) во Копенхаген, Данска, се натпреваруваше во рамките на втората полуфинална вечер но, за неа натпреварот тука беше завршен и ако многу ветуваше, барем со одличен видео спот. Наредниот неуспешен обид за пласман во финале во 2015 година во Виена го имаше тогаш премногу популарниот Даниел Кајмакоски, кој со „Лисја есенски“ не зачекори до финалето. После настапот во 2012 година Калиопи собра огромен број евровизиски фанови, нејзината со сила изгледа исфорсирана „Дона“ сепак, не успеа да се кфалификува за финалето. Калиопи во Стокхолм, во Шведска, во втората полуфинална вечер под реден број 8 и со освоени 88 поени се пласираше на 11. место.

И наредната година нашата претставничка Јана Бурческа не успеа да стигне до финалето. Пејачката настапи во втората полуфинална вечер под реден број 3, но со освоени 69 поени стигна само до 15. место За фаворити важеа и нашите минатогодишни претставници „Ај кју“, кои со освоените 24 поени и претпоследното 18. место, за жал, не успеаја да обезбедат пласман за големото евровизиско финале.
Оваа година да се надеваме, да држиме палци, и да пееме гордо “Горда“ со моќниот глас на Тодевска, па да ја видиме во Големото евровизиски финале. Заслужуваме! Инаку, за потсетување е и тоа дека претставниците на Македонија во текот на изминативе две децении беа одбирани на најразлични начини кои предизвикувале многу негативни коментари од самиот народ. Седумпати интерно, осумпати преку Скопскиот фестивал, а четирипати преку Национален избор…… Дуле М.